Бесими: Зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал и поврзувањето на компаниите со глобалните синџири на вредност во фокусот на ПЕР 2022-2024
Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период