Ковачевски се пофали дека со СДСМ растат и платите и минималната плата, цените не ги спомена
Минималната плата за само четири и пол години порасна за 100 отсто, односно двојно, додека стапката на невработеност денеска изнесува најниски 15,7 отсто, истакна премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во гостувањето во емисијата „200“ на телевизија Алсат.