Недимовиќ: Фунционира Договорот од Отворен Балкан, први три пратки за Македонија без чекање на границата
Почетокот на имплементација на Договорот од страна на Србија го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ, додавајќи дека договореното се спроведува, а по потпишувањето на договорот веќе имало пратки од Македонија во Србија.