Струјата поскапува за 10% според одлука на РКЕ, опозицијата вели дека тоа е најмалку 15% нето поскапување, се чека одлука за цената на парното
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски вчера на прес-конференција соопшти дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари ќе се укине дневната евтина тарифа, со што, според него, ќе нема потреба од ново поскапување на струјата.