РБСМ: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за ,,Ковид 3” кредитната линија
Согласно задолжението од Владата и Анексот кон Договорот за администрирање на Фондот за микро и мали претпријатија, Развојната банка на Македонија објави јавен повик со кој се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци