Објавена листата на производи чии цени се замрзнати, можно е таа да се прошири, вели Бектеши
Листата на производи чии цени се замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи, а тоа би биле ориз и јајца, изјави министерот за економија Крешник Бектеши