Азески и Османи на средба за регионалната соработка и можностите за нејзино продлабочување
Копрeтседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст и претседател на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, придружуван од Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Комората за регионални прашања, ќе остварат работна средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Фокусот на разговорите, како што информираат од Стопанската комора, ќе биде регионалната соработка и можностите за нејзино продлабочување