Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,03 отсто и оствари раст на месечно и годишно ниво
Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и во јуни годинава таа се сведе на ниво од 4,54 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84 отсто, информира Народна банка (НБ).