Движење за социјална правда „Обединети работници“: Плата нема ни за лек
Имено, на над 55 000 работници кои што чесно ги извршуваат своите работни обврски сеуште не им се исплатени платите за месец март, додека над 10 000 работници се оставени на цедило уште од февруари! Ова е скандалозно и мора да се превземат сериозни чекори за санирање на овие штетни појави, како и создавање на терен за превенција на повторување на истото во иднина!