Наградата „Гоцева мисла“ за Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз
Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз. Зафир Хаџиманов е наш истакнат пеач, актер и писател, кој живее и работи во Србија, Вања Ангелова е универзитетски професор од Бугарија, писателка и преведувач, а Миле Топуз е доајен на македонскиот стрип и илустрација