Отворен македонскиот Kултурно-информативен центар во Истанбул
Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, кој беше најавуван неколку години, денеска е свечено отворен. Во согласност со Договорот со Турција, нашата земја доби простор за КИЦ-от во зградата „Сејран“ која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот „Таксим“ во центарот на Истанбул. Согласно со Договорот, Турција го доби на привремено користење од 10 години Куршумли ан, кој ќе биде целосно реставриран.