Реализирани три проекти за рурален развој во Петровец, во вредност од 49,2 милиони денари
Изградба на локален пат од село Ржаничино до месноста Ќојлија, на атмосферска и на фекална канализација, се трите проекти што ги реализира општина Петровец преку Програмата за рурален развој. За оваа намена преку Платежната агенција се одобрени 49,2 милиона денари.