Самостојна изложба на Кристина Божурска насловена „Trapped“ ќе се отвори вечерва со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ.
Во Национална опера и балет вечер од 18 часот ќе биде отворен 10. Фестивал на ромска музика „Рома фест“, на кој ќе настапат ромски уметници од нашата земја и гости од Русија.
Музејот на Македонија вечер од 20 часот ќе ја отвори изложбата „Африка во Македонија“ која ја организира во соработка со Археолошкиот музеј, заводите за заштита на спомениците на културата и музеи од Охрид и од Битола, Музеј на град Скопје и НУ „Стоби“.
На репертоарот на Драмски в сабота е претставата „Несоодветно за на работа“, а Театараот за деца и младинци ќе ја изведе претставата „Петар Пан“.
Здружението Фолклорна група „Копачка“ од делчевското село Драмче денеска ја одбележа петгодишнината од впишувањето на орото „Копачка“ на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.
На Античкиот театар во Охрид денеска е поставена спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски.
Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 14 куси раскази наменети за деца од претшколска и рана школска возраст.
Издавачкиот центар ТРИ, го објави најновиот роман на писателот Луан Старова – “Цариградски емигрант”, осумнаесеттиот, по ред од, неговата ,,балканската сага’’.
Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ денеска може да се закити со наградата „ЛУКС 2019“ за филм на Европскиот парламент, која ќе биде доделена на свечената церемонија закажана за во 13 часот
По повод 90 години од раѓањето, денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски