Ана Кац, куратор во МоМА: Солидарноста на уметничкиот свет за Скопје во 1963 е неверојатен гест
Од денешна перспектива е неверојатно да се замисли таков гест на солидарност и заедништво од уметничкиот свет во катастрофа од тој размер каков што бил земјотресот во 1963 година, кога знаеме дека и денес се случуваат многу такви катастрофи, изјави Ана Кац, ко-куратор на изложбата „Скопје, одново“, која на 18 ноември во 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во организација на Амбасадата на САД во Скопје