Наградата Одисеј за Човекови права на Советот на Европа за „Господ постои, името и е Петрунија“
Јубилејното 20-то издание на филмскиот настан „Етуал е Тоал“ (Ѕвезди и Платна), кое започна на 3 октомври 2019 година, заврши денеска во Стразбур со доделување на почесни награди на три меѓународни копродукции поддржани од Фондот на Советот на Европа „Евроимаж“, а меѓу наградените е и филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името и е Петрунија“, јави дописникот на МИА.