Културата на светот се осознава преку мајчиниот јазик
Толеранцијата, соработката и разбирањето се гаранција за зачувување на т.н. мали јазици. Опасноста за нив не доаѓа од другите, исто така, мали јазици, туку од доминацијата на англискиот и другите т.н. големи или светски јазици, рече Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.