Позитивни одгласи за изложбата „Црн петел, црвена кокошка“ во Хрватска
Изложбата „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која од 7 февруари е отворена во Етнографскиот музеј во Загреб, бележи позитивни одгласи во хрватските медиуми, соопшти Музејот на Македонија, кој ја подготови изложбата во соработка со Археолошкиот музеј од Скопје.