Вообичаено карневалските празнувања почнуваат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ќе биде присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин.
НЛБ Групацијата отвори меѓународен јавен повик за млади уметници од регионот. Конкурсот ќе биде до 21 март 2024 година.
Со концертот на неофолк бендот „Калата“, во Јавна соба во Скопје во сабота, 17 февруари, ќе почне мини фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.
Власта ја уништи културата, кога ќе видите во капиталните инвестиции во националните установи за култура има негрижа, не се одржуваат комплетно
„Матица македонска“ од Скопје ја објави книгата „Аферата „двојник“ – лажни пасоши“ од авторот Михајло Маневски.
Документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ, денеска ќе биде прикажан во Салон 19:19 во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 20:00 часот. Со документарниот диптих, почнува филмскиот сектор и филмската програма во КИЦ.
Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“.
Ангелина Димовска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдија за МИА од Филхармонија.
Во салата на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи концерт на кој ќе бидат изведени дел од познатите хитови на Френк Синатра во интепретација на џез-пејачот Џон Илија Апелгрен, придружуван од страна на членовите на Националниот џез оркестар.