Седум европски издавачи гости на десетата програма „Скопје фелоушип“ на „ПРО-ЗА Балкан“
Aгент на А.Ц.Е.Р., најстарата книжевна агенција во Шпанија и директорката за меѓународна продажба и извоз на италијанскиот гигант „Саси едиторе“, заедно со уште петмина издавачи од Европа ќе бидат дел од програмата на десетото издание на програмата „Скопје фелоушип“, во рамки на Интернационалниот фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 17 до 20 септември во Скопје.