Костадиновска: Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се знак за трајно пријателство на 60-годишнината од Скопскиот земјотрес
Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.