Костадиновска-Стојчевска од Тирана: Гостувањето на Битолскиот театар е патоказ за зближување на културите на двете земји
Со силен аплауз и повеќеминутни овации беше поздравена изведбата на претставата на Битолскиот театар, „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, вчеравечер на сцената на Народниот театар во Тирана, Албанија, информираат од Министерството за култура.