Сања Кондарко: Над 60 издавачки куќи ќе се претстават на Саемот на книга, секој може да најде понуда за својот вкус
Повеќе од 60 издавачки куќи, меѓу кои најуспешните македонски, но и издавачи од регионот - Србија, Албанија и Косово, ќе се претстават на годинашниот Саем на книга, а очекувањата се да се врати бројката од 30.000 посетители како пред пандемискиот период.