Самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски насловена „Неизложени дела на хартија“ ќе биде отворена вечер со почеток во 19 часот галеријата на Општината Каламариа во Солун, Грција.
Објавена е книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски која, како што наведуваат авторите, толкува тема што недоволно е истражувана во современиот театар на глобален план.
Писателот Блаже Миневски е добитник на Признанието за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов кое го доделува Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип.
Мони Дамевски презентираше извештај за минатогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера.
Со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, вечер во Кунстхале, Виена, ќе биде отворена изложба насловена „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје".
Наградата „Златна рамка“ за филмски автор, Друштвото на филмски работници на петтото издание на „Златна рамка“ – денови на македонски филм ја доделува на костимографката Емилија Ивановска Атанасовска.
Во прекрасната атмосфера на амамот, ќе прозвучат дела за глас и гитара од класичниот репертоар на Моцарт, Шуберт, Пасиељо, Гарсија Лорка, но и од современата музика со дела на Чик Кореја, Ди Фулвио, Стинг.
Повикот за доделувањето на престижната „Денес XVII“ е објавен од денеска до 31 мај, на линкот.
Сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ утревечер со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет.
Од 4 до 10 мај во Арена Борис Трајковски Скопје ќе се одржи јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерството на Култура на Македонија.