Ристе Миладинов, директен потомок на браќата Миладиновци, љубовта кон театарот и публиката го држат на сцена 55 години
Најголем мотив ми е публиката што 55 години не ме разочарала, не ме отфрлила, не се изразила лошо, а доказ за тоа се полните сали. Полните сали покажуваат дека на Струга и недостасува театарски живот, а стружани уживаат во секоја нова претстава, вели Миладинов.