Во Филхармонија денеска и утре по 20-ти пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“.
Изложбата ќе ја отвори директорката на галеријата „Метаноја“, Нада Милкова. Краток осврт за темата на поставката и за изложените дела ќе има рецензентот Коста Милков, а ќе се обрати и ко-авторот на изложбата Никола Пијанманов.
Самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, насловена „Пикасо можеби јас“, ќе биде отворена вечер во 20 часот во Уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово, информираа денеска од галеријата.
Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај.
Таа напомена дека останува на зборот да ја исполни обврската за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но, како што потенцира, не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани.
Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, во издание на издавачката куќа „Три“, вечерва, во 19:30 часот, на академската сцена на Факултет за Драмски Уметности - Скопје. Книгата ќе ја промовираат Сашко Насев и Весна Петрушевска.
Џез музичари од Словенија, Црна Гора, Србија, Шпанија, Северна Македонија, како и од други држави во Европа и Африка, од утре до 15 април ќе учествуваат на Џез фактори фестивал.
Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија не го поддржуваме, бидејќи се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други, истакна директорката на Филхармонија – Тина Иванова.
Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува во следниот период: јули 2023 (пет дена во природа), август 2023 (осум дена на филмскиот фестивал „МакеДокс“), две есенско-зимски сесии по договор (пет - седум дена).
Како што наведуваат во соопштението, „сепак, расизмот и популизмот, не само што ги поткопуваат правата на малцинствата, тие се насочени кон срцето на нашата демократија“.