Костадиновска-Стојчевска: Поезијата на Шопов е моќен глас на македонската култура која денеска одекна во УНЕСКО
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска престојуваше во Париз, Франција, каде што во седиштето на УНЕСКО се одржа културна програма по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов.