Костадиновска – Стојчевска: Мораме итно и сите да дејствуваме во справувањето со причините и загрозувачите на Охридскиот регион
Таа наведе дека на Тентативната листа на УНЕСКО се впишани и пештерата „Слатински извор“, Марковите кули, локалитетот „Кокино“ и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново. Министерката додаде дека на Листата на светско наследство се и „Буковите шуми во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб во Маврово“ како дел од природното, транснационално добро „Древните исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“