Костадиновска-Стојчевска во посета на штипските национални културни институции
Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип е една од институциите која најдобро ги користи буџетските, но и сопствените средства за инвестиции во самата институција, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која беше во работна посета на овој Центар за култура и на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип