На велешката Спомен костурница премиера на видео инсталацијата „Синергија во времето“ на уметникот Страхил Петровски
Во рамките на одбележувањето на Европските денови на културното наследство од 22 до 28 септември, ЛУ Народен музеј Велес се приклучи на чествувањето со премиерна видео инсталација на Страхил Петровски „Синергија во времето”, (тема: „Одржливо наследство”), куратор – Златко Теодосиевски, која доцна синоќа беше претставена на публиката присутна на Спомен костурницата од НОВ кај Велес