„Огнот наш нестишен” – нова стихозбирка на Ирена Јурчева
Во издание на „Современост” – Скопје од печат излезе стихозбирката на Ирена Јурчева, „Огнот наш нестишен“. Ова, како што велат од „Современост“, е четврта книга на Јурчева за која во рецензијата е наведено дека е напишана со стремеж за негување и зачувување на македонското наследство, на изразите автентични за македонската поезија