Во Прилеп отворена изложбата „Убавината како хармонија и единство на противречностите“
Деветмина сликари од Прилеп на заедничка изложба отворена синоќа во ликовната галерија од прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ на публиката ѝ ги претставија своите дела. На изложбата насловена „Убавината како хармонија и единство на противречностите“ се претставија авторите: Александар Џинго, Атанас Атанасоски, Бојана А. Трпческа, Ванчо Кеков, Верче Николоска, Марија Светиева Ергас, Марјан Стојаноски, Филип Јовески и Христина Мазнеска