Објавена серија со сликовници „Кинески народни приказни“
„Македоника литера“, во копродукција со кинескиот издавач „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина, деновиве публикуваше серија со сликовници со кинески народни приказни. Серијата содржи пет познати и репрезентативни кинески класични приказни, и тоа: „Говедарот и Ткајачката“, „Легендата за Неџа“, „Ќерката на Огнениот Император“, „Лотосовиот фенер“ и „Пангу ги создава земјата и небото“