Костадиновска Стојчевска: Сите наши Илинденци испратија јасна порака до целиот свет – „Македонско име нема да загине“
Крушевскиот манифест и Декларацијата на АСНОМ се четива со европски вредности, достојни, и денес, и за проучување и за почитување. Воедно, сите наши Илинденци испратија и јасна порака до целиот свет дека – „Македонско име нема да загине“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја предводеше владината делегација на одбележувањето на Илинден во Смилево