,,Јазикот е чудна ѕверка” на новинарката Марина Костова промовирана и во Штип
Книгата „Јазикот е чудна ѕверка“, чиј автор е новинарката Марина Костова, денеска беше промовирана и пред штипјани. Авторката посочува дека станува збор за хибридна збирка, во која има повеќе жанрови, кратки лични истории, кои се создавале во период од 20 години.