Ќе има кратење во културата, ама тоа нема да се одрази врз културните манифестации, вели Костадиновска-Стојчевска
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска изјави дека со ребалансот на Буџетот ќе има кратење во културата и напомена дека тоа прво ќе бидат најнепродуктивните и оние трошоци без кои, како што рече, „ќе можеме да преживееме до крајот на годината“.