Во главниот град на Косово, денеска на 51-годишна возраст по тешко боледување, почина истакнатата филмска и театарска режисерка, Бурбуќе Бериша, која е по потекло од Скопје
Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави новата книга на професорката Весна Мојсова-Чепишевска насловена „Конески како тестамент“, во годината кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 75 години од Филолошкиот факултет кој го носи неговото име
Во галеријата „КО-РА“ е отворена изложбата „Просветлување“ на уметниците Перо Кованцалиев и Васко Ѓоргиев
Во свеста на денешната заедница, нашето вековно ракописно и културно богатство недоволно се познава, како што недоволно се познава и процесот на омасовувањето на писменоста
Книжевната награда „Предраг Матвејевиќ“ за 2021 година ја доби македонскиот поет Борче Панов од Радовиш. Престижното признание го доби за книгата „Бричење балон“ (Бријање балона), која е преведена на српски од познатиот српски поет, писател, есеист и преведувач Душко Новаковиќ
Во МКЦ со почеток од 20 часот вечер ќе биде отворена изложбата „Ѕиркачот“ на Стефан Божиновски
Во кино „Милениум“ вечер ќе биде отворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“
Во галеријата Ел Греко вечер ќе биде отворена изложба на слики на Ниче Василев
Кинотека на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“. Книгата е издание на Кинотеката, а автор е Стојан Синадинов
Традиционалната поетска манифестација „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во Изложбениот салон –Империјал II