Распишан Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври”
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври”, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, го распиша конкурсот за нејзино доделување за 2021 година. Конкурсот трае од 6 до 31 август, а некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием нема да бидат разгледувани