Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ја прифати апликација за градење капацитети на Заводот и музеј – Охрид
Прифатениот проект за градење капацитети, во износ од 55 илјади американски долари, посочуваат од Министерството, има цел да ги надгради знаењата и способноста на стручните лица во Заводот и музеј – Охрид во однос на ГИС-вештините со помош од меѓународни експерти.