Велешката библиотека „Гоце Делчев“ организира книжевно дружење
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес вечер од 18 часот на платото пред театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ ќе организира дружење со Владимир Јанковски, автор на „Скриени желби, немирни патувања“ – наградениот за „Роман на годината 2021“, и со Жарко Кујунџиски, автор на „Сфинга на гневот“