Објавен конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2021 година
Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распиша Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2021 година. Наградата, традиционално на ова четврто издание на манифестацијата, се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).