Актерката Акбелге за Светскиот ден на театарот: Кризите се секогаш шанса за преобразба
Кризите се секогаш шанса за преобразба. Промените се неминовни и нужни. Кога сите дефиниции за театарот паѓаат во вода за време на криза, предизвик и културна обврска на секој поединец-уметник е да повикува на повисок степен на одговорност, иновативност, креативности истражување на нови модели и форми на театарско битисување сега и во иднина, вели актерката Сузан Акбелге од Турскиот театар-Скопје во македонската порака по повод годинашното одбележување на Светскиот ден на театарот – 27 Март