Избрани четирите најдобри бајки на конкурсот за „Современи бајки од Македонија“
Стручното жири на конкурсот „Современи бајки од Македонија“ ги избра најдобрите четири дела од вкупно 316 автори од земјава. На конкурсот за најдобри беа избрани бајките „Перуника“ од авторот Дејан Сибиновски, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова, информираат од Движењето за поддршка на креативноста