Победничките проекти од конкурсите за зрел и за млад уметник во „Мала станица“
Добитниците на конкурсот на Националната галерија за зрел уметник и конкурсот за млад уметник 2020, Роберт Јанкулоски, Дарко Комненовиќ и Викторија Попоска ќе ги постават и реализираат своите проекти во објектот „Мала станица“. Публиката ќе може да ги погледне од 10 декември 2020 до 10 јануари 2021 година.