Распишан меѓународниот поетски конкурс „Антево слово“
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, годинава по четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски