Изложба на илустрации од Димитар Кондовски
Во рамки на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, на 14 октомври ќе биде отворена изложба на илустрации на еден од доајените на македонското сликарство, Димитар Кондовски. Изложбата ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“, под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19