Осмо издание на фестивалот „Прво па женско“
Од 17 до 23 август 2020 година, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ЦАЦ Монтажна Галерија и Музејот на современа уметност ќе се одржи осмото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, во организација на Тиииит! Инк – Скопје под транспарентот „Жените се малцинство“, а неговата петдневна програма ќе опфати изложби, разговори, работилница, концерти, диџеј сетови и проекции на филм