Галичка ликовна колонија со 18 уметници, странските ќе учествуваат онлајн
Во Галичник задутре, 15 август, ќе почне 31. Ликовна колонија на која таму ќе престојуваат и творат девет македонски уметници, а девет странски, кои се предложени од нивни македонски колеги, ќе учествуваат онлајн поради пандемијата со КОВИД-19. „Коегзистенција” е годинава тема на Галичката ликовна колонија и ја третира (загубената) релација помеѓу природата и човекот