Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ за хероизмот на Данците во спасувањето на Евреите во Втората светска војна
Романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ од авторката Лоис Лаури во кој се зборува за спасувањето на Евреите од Данска, прикажан преку личната приказна на едно еврејско семејство, ќе биде промовиран онлајн во понеделник (13 јули) во 19 часот, а настанот ќе може да се проследи на „Фејсбук“ страницата „Литература.мк“