В петок бесплатен онлајн стриминг на „Прашина“ на Манчевски
Поради вториот бран на коронавирусот во земјава и во пресрет на веќе воведените препораки како да се заштитиме, в петок на социјалните мрежи ќе биде споделен вимео линк на кој бесплатно ќе може таа вечер онлајн да се проследи играниот филм „Прашина“ во режија на Милчо Манчевски. Линкот и деталите ќе бидат споделени на официјалните страници на режисерот на фејсбук, инстаграм и твитер