Зорица Нушева доби наградата за најдобра актерка за улогата на ,,Петрунија” на Фестивал де Севиља
Делчевката Зорица Нушева доби уште едно големо призание за својата глума во филмот ,,Господ постои името и е Петрунија”. Овој пат наградата пристигна од Festival de Sevilla на кој Нушева се закити со статуетка за најдобра актерка од страна на организаторот на фестивалот.